Разубавување на јавен простор
Оваа акција беше реализирана во Паркот на Франкофонијата каде што имаше едно многу старо дрво коешто беше исечено, но во трупот на дрвото имаше останато голема дупка идеална за садење ново дрво. Освен дрвото коешто го посадивме во дупката на старото дрво, уметникот Ѓорѓе Јовановиќ наслика уметничка интервенција на остатокот од старото дрво кое набрзо стана локална атракција за правење фотографии за социјални мрежи.