Skip to content Skip to footer

Акција посветена за стопирање на нелегално фрлање на цврст отпад во Националниот Парк Маврово

Национален Парк Маврово е најголемиот национален парк во Македонија и има најбогат биодиврезитет. За жал околината околу Мавровското Езеро (периметар од 27 км) е мета на многу неодговорни граѓани, како и сопственици на викендици кои фрлаат отпад околу езерото. Со цел да реагираме и да креираме јавен притисок врз менаџментот на националниот парк, решивме да направиме неколку информативни табли (на кои пишуваше „Областа е под видео надзор“) на местата каде што луѓето највеќе фрлаат отпад. Резулататите беа изненадувачки бидејќи луѓето прекинаа да го фрлаат својот отпад на локациите поради стравот дека ќе бидат снимени (иако воопшто немаше поставено камери). Уште подобра реакција добивме од Националниот Парк Маврово кој јавно објави дека ќе постават вистински видео надзор околу езерото како би превентирале со фрлање на отпад и ловокрадство.

en_GBEnglish (UK)