Skip to content Skip to footer

Акција против уништувањето и намалувањето на зелените јавни површини и паркови во Скопје

Оваа акција беше направена неколку дена пред Велигден, период кој специфично го таргетиравме за акцијата како би добила поголемо јавно внимание. За оваа интервенција направивме гигантско гнездо (3м) и внатре поставивме 3 гигантски птичји јајца. Во гнездото поставивме мали пораки кои ги нарековме “пораки од птиците“ кои велеа: „Ги исековте сите дрва! Каде да правиме сега гнезда?“. Акцијата беше широко прифатена од јавноста и медиумите, дури и беше ударна вест со преку 500.000 прегледи. За оваа акција во септември 2017, тимот на Урбани Акции доби награда за најдобра кампања и акција за заштита на животната средина.

en_GBEnglish (UK)