Акција посветена на борбата против загадување на воздухот во Скопје
Оваа акција беше една од неколкуте урбани акции посветени на загадувањето на воздухот во Скопје и Македонија (во зимскиот период Скопје е секогаш во топ 3 на листата нај загадени градови во светот). За оваа акција соработувавме со неколку графички дизајнери кои дизајнираа постери со познати историски ликови (Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Јосип Броз Тито) и нивните познати цитати, кои беа малку изменети за да испратат порака за загадувањето на воздухот.