Акција посветена на подобрување на јавниот простор во Скопје, Општина Аеродром
Идеата за оваа акција произлезе од фактот дека Скопје изгледа како град со илјадници езерца после секој обилен дожд. За оваа прилика направивме 2 мали островчиња (со палми, плажа итн.) и ги поставивме во бетонските “езерцата“ низ градот. Реакцијата на луѓето беше одлична (акцијата беше нај ре-твитнуваниот твит на денот во Македонија), од Град Скопје и Општина Аеродром беа тотално збунети и ветија дека трајно ќе го поправат проблемот…