Skip to content Skip to footer

Локална урбана акција

Китино кале е место со посебно значење за граѓаните на Кичево. На почетокот од летото Општина Кичево го додели овој простор на неколку локални невладини организации кои од нас побараа помош околу преуредување и “давање живот“ на овој напуштен простор. Направени се неколку интервенции на предната страна на еден напуштен ресторан, изработка на скулптура од надворешни контури на брод поставени во голема уништена фонтана, и неколку помали уметнички интервенции направени заедно со локалните НВО, успеавме да дадеме функционалност на просторот. Локалните организации во текот на летото и раната есен на овој простор органиираа преку 30 различни настани (концерти, предавања, изложби, дебати итн.).

mk_MKМакедонски јазик