Skip to content Skip to footer

Акција за одбрана на јавниот простор

Оваа акција беше спроведена веднаш по угрентното и нетранспарентно донесување на новиот ДУП (детален урбанистички план) за населбата Острво во скопската општина Аеродром. Идејата на акцијата беше да се анимира јавноста за проблематичниот ДУП и да се влијае на општината Аеродром спорниот ДУП да го врати на доработка и да ги земе во предвид барањата на жителите на поквалитетен јавен простор и зелени површини. На голема радост под притисок на јавноста (вклучувајќи го секако и притисокот кој нашата акција го направи) општината го повлече на доработка спорниот ДУП.

en_GBEnglish (UK)