Skip to content Skip to footer

Акција за поддршка на еко активистите кои се борат за заштита на Охридското крајбрежје

Акцијата беше спроведена во Струга во крајбрежниот појас на езерото во самиот центар на градот. Самата акција претставува пловечката инсталација креирана од 4 скулптури на лебеди кои пливаат на површината на езерото на своите грбови носат транспаренти. Акцијата беше креирана како реакција на уништувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро кое секоја пролет и лето како во охридскиот така и во струшкиот дел на езерото зема епидемиски размери. Лебедите беа поставени на самиот истек на реката Црн Дрим, односно на едно од најпрометните места во Струга и во период од неколку дена беа вистинска туристичка атракција.

en_GBEnglish (UK)