Акција посветена за превенција и редуцирање на рибокрадците на Охридско Езеро
Идеата за оваа акција беше да се испрати силна порака до министерствата за земјоделие и животна средина за очајната ситуација со ендемскиот вид на охридската пастрмка и други видови на диви пастрмки кои се на работ од истребување во нивното природно живеалиште. Акцијата беше планирана заедно со Друштвото за спортски риболов и неколку еколошки иницијативи (неформални групи) од Охрид. Акцијата беше поставена на празникот Св. Никола на 18-ти декември кога многу фамилии го прославуваат овој празник и кога рибата традиционално се наоѓа на менито за прослава.