Skip to content Skip to footer

Реакција по повод енормната употреба на средства за смирување кај граѓаните на Република Македонија

Општата депресија во која се наоѓа македонското општество беше причина за спроведување на ургентна акција наречена „Споменик на Дијазепамот“ која беше инспирирана од фактот дека ова средство за смирување е втор по продажба лек во Македонија, кој што го користи скоро половина од населението што со оглед на генералните состојби во државата не е изненадување. Интервенцијата беше направена бидејќи овој тренд е во нагорна линија и претпоставките се дека во 2015 бројот на реализирани рецепти ја надминал бројката од 2 милиони (пакувања) а најмалку 500.000 пакувања се купени приватно. Споменикот на Дијазепамот беше поставен на локацијата позната како „Ким„ во Буњаковец.

en_GBEnglish (UK)