Акција против лошата состојба на патот Струмица – Радовиш
Оваа уметничка акција се состоеше од силуета/скулптура на Темниот косач/смртта во природна големина која беше поставена на „патот на смртта“. Овој пат се наоѓа помеѓу Радовиш и Струмица и го доби своето име поради големиот број на сообраќајни несреќи кои се случуваат и во кои за жал некој го губи својот живот еднаш или два пати месечно. Оваа “силуета/скулптура“ беше поставена со намера да ги предупреди возачите да бидат повеќе претпазливи, но уште поважно да се креира медиумски притисок врз одговорните власти да го поправат патот што е можно побрзо. Акцијата исповоцира големо медиумско внимание со околу 200.000 прегледи.