Skip to content Skip to footer

Уметничка интервенција на урбана опрема

Оваа уметничка интервенција беше со цел да и се покаже на јавноста и на менаџментот на Град Скопје дека урбаната опрема може да биде многу интересна, атрактивна и да го збогати јавниот простор. „Таа и Тој“ се уметнички направени електрични столбови во Паркот на Франкофонија. Електричните столбови се во форма на силуети на маж и жена што држат чадори над клупа во паркот. Интервенцијата освен што доби големо медиумско влијание, стана и голема атракција за млади парови кои доаѓаа да се фотографираат на клупата под инсталацијата.

mk_MKМакедонски јазик