Реакција на Скопје 2014 и уништувањето на коритото и брегот на реката Вардар
Креативната акција Ајкули во Вардар е една од најпрепознаените акции на групата Урбани уметнички акции која предизвика воодушевување кај граѓаните и со молскавична брзина се пренесе низ целиот Балкан. Сите национални и регионални медиуми (на ниво на Југоисточна Европа) ја пренесоа информација за оваа креативна акција. Најинтересно кај оваа акција е хидродинамиката која беше извонредно изведена, па многумина кои лично ги видоа ајкулите или видеото на YouTube коешто имаше гледаност од преку 290.000 за неколку часа од објавата, помислија дека се работи за вистински ајкули коишто се во реката Вардар.