Skip to content Skip to footer

Реакција на Скопје 2014-та и уништувањето на коритото и брегот на реката Вардар

Акцијата Возен ред на галии, имаше за цел да ја доведе до ниво на гротеска идејата за ѕидањето објекти во облик на Галии во коритото на реката Вардар. Идејата беше преку поставување на табли и налепници со Возен ред на повеќе локации во Скопје, да се даде акцент на апсурдноста на неподвижните галии. За оваа цел беа изработени 3 големи информативни табли и десетици налепници на кои беше испечатен имагинарен и хумористичен возен ред за скопските барокни галии. Идејата на оваа акција беше да се покаже нефункционалноста на урбаното уредување на коритото и кејот на реката Вардар и залудното трошење на јавните пари.

mk_MKМакедонски јазик