Skip to content Skip to footer

Што е уметнички активизам и зошто?

Што е уметнички активизам и зошто?

Уметничкиот активизам претставува комбинација на уметноста, креативноста и активизмот од коисе земени најсилните тактики за остварување на целта и решавање на најразлични проблеми.Уметничкиот активзам ја користи моќта на генерирање емоции која ја има уметноста и ја поврзувасо планското делување и стратешката мобилизацијата на активизмот со цел да се извршиодредена промена или најчесто да се реши одреден проблем кој засега одредена заедница или група.

Уметноста и активизмот прават различни нешта. Активизмот како што и самото име кажува еактивност која ги предизвикува промените и односите кон центрите на моќ и власта. Постојатмногу форми на активизам и начини како активизмот да се практицира и да се биде активист, нозаедничко на разните форми на активизмот е да се цели кон одредена промена односно да секреира одреден ефект. Уметноста на друга страна нема таква јасна цел, тешко е да се одреди кога уметноста е за илипротив, нејзината вредност е во овозможувањето на нови погледи на работите и на светот. Честопати е тешко да се измерат и дешифрираат неретко конфузните пораки кои едно дело ги испраќа. Добрата уметност секогаш содржи повеќе значења кои не можеме лесно да ги посочимедиректно но сепак овие значења можат да не водат. Целта на уметноста е (доколку можеме да гоупотребиме овој термин) да не движи емоционално и да влијае на нашите перцепции. Уметноста едноставно кажано е експресија која генерира афект.

На прв поглед овие цели на уметноста и активизмот изгледаат како да се разминуваат. Активизмот не движи кон материјалниот свет, додека уметноста не движи во емоционалното. Сепак всушност уметноста и активизмот се комплементарни. Општествените промени не се случуваат туку така, туку истите се случуваат затоа што луѓето така одлучиле. Секој упатен активист ќе ви каже декалуѓето не одлучиле наеднаш да ги сменат своите гледишта, туку промената на нивните ставови ерезултат на силни промени на емоциите. Поттикнати сме од афективни искуства за да креирамефизички реакции кои резултураат со конкретни ефекти. На ова можеме да гледаме какоафективен ефект или ефективен афект или дури можеме да креираме и нова кованица аефект(aefect – аye-fect), која ги обединува знaчењата на двата поими.

Уметничкиот активизам претставува практика на креирање на аефект, емоционалнa вибрација иискуство кое води кон мерливи промени. Креирањето на одржлива и трајна промена изискува промена на вредностите, верувањата ипредлошките на однесување, ова всушност претставува културна промена. Додека промените назаконите и политиките се есенцијални законите нема да бидат почитувани или политикитеимплементирни доколку луѓето не ги почуствуваат вредностите кои стојат зад нив. И додека маршевите и протестите се важни тие нема да имаат траен ефект доколку темите несоодејствуваат со луѓето. Културата ја креира основата за политиките и ја исцртува основата напоимите на посакуваното и непосакуваното, возможното и невозможното. Културата не сочинува нас и ние ја креираме културата, едновремено културата е базичниот материјал накреативниот/уметничкиот активизам.

Уметничкиот активизам се исцртува од културата, ја креира културата и вилијае на културата.Уметничкиот активист може да ја наслика сликата која ги потикнува луѓето да се преиспитаат какогледаат на реалноста, или да ги преиспита гледиштата и прашањата за тоа кои вредности се „нормалн“ во општеството како и да креира артефакти кои покажуваат алтернатива за некојподобар свет односно подобра состојба.

ПДФ Формат за превземање

mk_MKМакедонски јазик