Skip to content Skip to footer

Уредување и давање содржина на напуштен и уништен јавен простор

Поранешното одмаралиште опкружено со шума на времето беше едно од нај посетуваните одмаралишта во Кичево. Китино кале е навистина посебно место оддалечено 5 мин. пешки од центарот на Кичево. Местото е често посетено од кичевчани кои го користат местото за прошетка и уживање во природата во близина на центарот на градот. Околу 100 луѓе дневно го посетуваат Китино Кале во периоди на убаво време. За жал, во последните 20 години, ова место стана напуштено и уништено. Просторот на Китино кале беше даден за употреба на локалната невладина организација Визио од Кичево, тие побараа поддршка од тимот на урбани акции за разубавување на просторот и давење содржина на истиот. За оваа урбана акција направивме неколку интервернции, како рекреативен полигон направен од дрво и стари гуми од автомобили кои се користат како платформа за планинарење и рекреација, но во исто време служат и како место за одмор или место за публика, за време на различни настани и проекции кои се организираат од време на време во Китино кале. Исто како дел од ова урабана акција направивме информативен постер/знак со корисни информации за историјата и употребата на Китино кале. Како дел од оваа урбана акција направивме многубројни ознаки за патеки за пешачење кои започнуваат од Китино кале.

mk_MKМакедонски јазик