
Намалувањето на квалитетот и назадувањето на демократските процеси и практики е неповолен повеќегодишен тренд како во развиените, така и во демократиите кои се во процес на созревање и опоравување. Сè поприсутно е растечкото незадолство, но и заситеноста на граѓаните од неефективните форми на учество, што резултира/создава пасивно и апатично граѓанство. Опаѓаат, исто така, високите очекувања за достигнувањата на застапувачките напори на
дејствување, кои користат разни медиуми и алатки, преку акциите со куси и јасни пораки, имаат цел да предизвикаат интерес за ангажман и кај пошироката јавност, специфичните публики и властите. Јавниот простор, вклучително и социјалните мрежи, се сè поатрактивни и за властите и за активистите. Сè повеќе креативниот активизам, самостојно или во комбинација со постоечки форми на граѓански притисок и застапување, станува форма на ангажман преку кој се поттикнуваат и создаваат услови за промени како на конкретните и актуелни политики, така и на културните и политички орентирани практики.
Овој настан е обид да се иницира систематско отсликување на артивистичкиот простор во Македонија со цел да се лоцираат актерите и форматите на дејствување, да се препознаат идеолошките, стратешките и тактички искуства и идни чекори на креативниот активизам кој е насочен да влијае врз општествените промени. Лоцирана е и потребата да се забележат и анализираат факторите на успешност на овие ангажмани. Еднакво важно е да се разменат научените лекции како на традиционално ангажираните уметници и активисти, така и на оние кои се нови на сцената. На конференцијата ќе присуствуваат активисти и теоретичари од регионот и со тоа овој обид ќе биде и можност за создавање платформа за меѓусебно запознавање, препознавање, поддршка, развивање и иницирање на идни артивистички дејствувања.
Програма:
„Креативниот активизам за/и општествени промени – само тренд или препознаена потреба со иднина?“, Модератор: Владимир Јанчевски
• Славица Инџевска, Програмска директорка, Фондација Отворено општество – Македонија
• Игор Штикс, писател
Панел дискусија „Креативниот активизам во Македонија: што научивме од тоа што направивме?“, Модераторка: Калиа Димитрова
• Никола Писарев, Установа Центар за современи уметности – Скопје
• Мите Кузевски, Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа
• Ивона Кузмановска, Младински образовен форум
Паралелни панел дискусии „Арт/активизам на дело – одземање/заземање на јавниот простор: Чуму сето тоа?“ (прв дел)
Стрит арт и урбани акции, Модераторка: Слободанка Стевчевска