Skip to content Skip to footer

Разубавување на јавен простор

Идеата за оваа урбана акција (поддржана и одобрена од Општина Чашка) беше да се направат две “школица“ игралишта во паркот во близина на училиштето. “ Школица“ игралишта беа направени од рачно насликани монтажни елементи. Дополнително, беа поставени инфо табли со инструкции за тоа како се игра оваа креативна и групна игра. Освен игралиштето, на селскиот плоштад каде што постоеше празна зелена површина, инсталиравме 10 рачно насликани светлечки топки, со различни цветни, зооморфни, и елементи со ликови од цртани филмови (секоја топка е со дијаметар од 30 цм) и 4 скулптури на печурки (Чашка е еден од регионите во Македонија каде што собирањето на печурки е високо развиен извор на дополнителен приход на населението). Сето ова беше поставено на зелениот тревник на средина на селото. Оваа урбана акција со поставените нови елементи во јавниот простор за многу брзо време станаа популарна атракција за локаното население.

en_GBEnglish (UK)