Skip to content Skip to footer

Уредување и разубавување на јавен простор

Идеата за оваа уметничка акција беше развиена заедно со локалната невладина организација од Виница, Армониа. За оваа урбана акција посветена на разубавувањето на јавниот простор направивме креативна патека за рекреација во урбаната шума во Осматрачница, место кое се наоѓа на надворешната линија на Виница. Местото наречено Осматрачница е едно од најпосетуваните места на отворено на маргините на Виница, оваа акција беше прв обид да се даде содржина на истата локацијата. Во рамките на оваа акција креиравме 5 различни сетови на урбана опрема за спортски активности направена од дрво и дрвени елемети во јавниот простор на урбаната шума во Осматрачница, кои што посетители од сите генерации ќе можат да ги користат. Поточно, направивме мини рекреативен полигон за ориентација и паметно трчање и слични елеметни како планинарки ѕид направен од дрво и стари гуми, вертикален лавиринт, клупи и слични елементи. Со цел да се задржи еколошкиот момент, скоро сите елементи се креирани од рециклирани материјали (стари гуми, дрво искористено од стари електрични столбови и сл.) што и даде на акцијата силен еколошки импакт. Веднаш по завршувањето на просторот забележавме значителен пораст на бројот на посетители во Осматрачница кои го користат продуктот од оваа акција, и кои се среќни бидејќи овој простор доби комплетно нова употреба и содржина.

en_GBEnglish (UK)