Акција посветена за борба против сиромаштијата во Македонија
Оваа акција беше креирана откако дознавме неколку шокантни информации. Повеќе од 450.000 луѓе се сиромашни, 70.000 луѓе може да си дозволат само 3 пристојни оброци неделно и преку 100.000 луѓе живеат со 100 денари дневно. Имајќи го фактот од едно јавно истражување дека најголемот страв на граѓаните во Македонија е гладта, решивме да креираме скулптура од гигантски леб (3.5х1.3 м), кој го поставивме во јавен простор. Акцијата доби огромно медиумско внимание и стана ударна вест, со повеќе од 500.000 прегледи. Важно е да се наведе дека после оваа акција Министерство за труд и социјална политика започна да креира мерки за намалување на сиромаштијата во Македонија.