Skip to content Skip to footer

2015-та година беше година со најцрн биланс за велосипедистите во Скопје, во период од неколу месеци десетина велосипедисти беа жртви на сообраќајни несреќи.
Акцијата беше наменета за подобрување на велосипедската инфраструктура во Скопје. Самата акција се состоеше од скулптурално изведени флуоресцентни велосипеди со човечки силуети испишани со пораките:Јас кај да возам, Скопје е и мој град и Уште колку жртви? Кои беа поставени на три локации во Скопје (ул.Орце Николов, Рузвелтова и булевар Југославија).

Велосипедите беа поставени како знак на предупредување поради се поголемиот број на сообраќајни несреќи во кои изминатата 2015-та година загинаа 12 велосипедисти меѓу кои имаше и неколку деца на вораст под 14 години. Едновремено интервенцијата беше и своевидно потсетување на ветувањата на градските власти дека ќе овоможат бебедно возење велосипеди и ќе означат велосипедски патеки. Акцијата беше одлично прифатена од граѓаните на Скопје, велосипедските иницијативи „На точак“ и „Коце врати ни ги улиците“. Интересно е што поставените велосипеди 3 месеци од нивното поставување сеуште беа на своите места што само по себе говори за успешноста на акцијата.

en_GBEnglish (UK)