Skip to content Skip to footer

Реакција на лошо законско решение

Од страна на Град Скопје беше воведена нова законска регулатива според која за уринирање/дефекација на домашни миленици во јавен простор е предвидена казна од 50 евра, а ниту градот ниту општините имаат уредени простори за обавување на физиолошки потреби на милениците. Во соработка со сопствениците на миленици решивме да спроведеме акција на постваување на специјализирани тоалети/столбчиња за домашни миленичиња во барок стил за да граѓаните се спасат од непотребни и неочекувани трошоци. Едновремено со оваа акција покрај информирање за проблемот и новата законско казнена регулатива дадовме пример на надлежните како овој проблем би можел да се надмине односно, надлежните треба да обележат простори за оваа намена.

mk_MKМакедонски јазик