Разубавување на јавен простор
Оваа акција беше поставена во јавен простор на обалата на Дојранското Eзеро во централниот дел на Стар Дојран. На наша голема радост, и огромна благодарност, општина Дојран навремено ја подготви локацијата за инсталирање на планетите и целата инсталација. Соларниот систем е просторна инсталација со димензии 9х3 м, составена од 8 планети од соларниот систем и Сонцето. Естетски совршено направена, акција беше широко прифатена од жителите и посетителите на Дојран, како и од медиумите. Само во првите неколку дена од поставувањето на инсталацијата бевме сведоци на луѓе што доаѓаат, разгледуваат и прават и објавуваат слики од соларниот систем. Интересно е тоа што во рок од 5 дена од поставуавњето на акцијата, сите училишта од околината (Дојран, Нов Дојран, Фурка, Николиќ и др.) ги донесоа своите ученици да ја видат акцијата, учители од областа на природни науки држеа часови на отворено за соларниот систем, планети, и слични предавања.