Skip to content Skip to footer

Акција посветена на борбата за зачувување на јавнитe простори и јавното зеленило

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот“. Ова е реакцијата на граѓански активисти кои утрово направија герила акција на просторот кај Расадник во Кисела Вода каде е планирана изградба на 100 нови згради. Тие потсетуваат дека овој предел некогаш бил периферија на градот, а градот е тој што се развивал и растел околку него. „Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во просторот Расадник денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат“.

mk_MKМакедонски јазик