Skip to content Skip to footer

Акција против зголемената кражба на точаци во Скопје

Урбаната акција “Гигантски велосипед“ беше креирана како одговор на огромниот број кражби на велосипеди во Скопје и РС Македонија. Според податоци од иницијативата „На Точак“ и онлајн групата „Украдени Точаци“ во последните 5 години биле украдени над 150.000 велосипеди во РС Македонија, од кои, најголем број, околу 120.000 во Скопје. Идеата за оваа урбана акција во форма на гигантски реалистичен велосипед од железо (3.5 х 2 м) поставена на јавен простор во центарот на градот беше да се крене врева за проблемот на кражби на велосипеди во Скопје, тенденција која е во пораст и за која властите не обрнуваат внимание, истите власти кои даваат субвенции за велосипеди од парите на даночните обврзници. Акцијата беше широко прифатена од заедницата за велосипедизам како и од жителите на Скопје. За неколку часа преку медиумите и социјалните мрежи достигнавме преку 300.000 прегледи.

mk_MKМакедонски јазик