Skip to content Skip to footer

Иницијатива посветена на 55-та годишнина од скопскиот земјотрес

Идеата за оваа урбана акција беше потсетување на скопјаните за катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963-та година. Идеата за пуштање сирени во 05:17 часот наутро беше базирана врз потребата за продолжување на традицијата на одбележување на годишнината од земјотресот преку пуштање на сирени. Оваа традиција која траеше скоро 40 години беше стопирана поради растурањето на системот за цивилна заштита во Скопје, во чии рамки сирените свиреа секој 26-ти Јули во 05:17ч. Оваа идеа беше развиена врз потребата да се додаде нешто карактеристично во одбележувањето на годишнините од земјотресот, и да се потсети Скопје дека нашиот систем за цивилна заштита не е функционален. Акцијата истовремено беше спроведена од озвучено возило на 5 локации во Скопје: Музеј на современата уметност, Музеј на Град Скопје, ГТЦ (Градски Трговски Центар), Порта Влае. Урбаната акција беше добро и широко прифатена од мнозинството на граѓани во Скопје, и имаше голема публика и го привлече медиумското внимание. Помеѓу 30.000 – 50.000 луѓе можеа да ја слушнат аудио акцијата утрото на 26-ти Јули. Дополнително, преку медиумите видливоста на акцијата се зголеми на преку 500.000 луѓе. Интересно е и тоа што веста за оваа урбана акција беше емитувана и на хрватската национална телевизија (HRT) за време на нивните главни вести.

mk_MKМакедонски јазик