Акција посветена на подобрување на состојбата на градскиот плоштад во Струмица
Оваа акција беше креирана со цел да се создаде јавен притисок врз локалните власти во Струмица да започнат да се справуваат со катастрофалната состојба на градскиот плоштад во Струмица. Акцијата се состоеше од преку 100 мали пораки во форма на протестни пароли. Акцијата имаше многу добар фидбек од жителите на Струмица, од кои многу од нив беа и дел од самата акција преку поставување на паролите на местата каде што мермерните плочи се клатеа. Важно е да се напомене дека после првите медиумски репортажи и реакции од граѓаните, општината започна со реконструкција на градскиот плоштад.