Skip to content Skip to footer

Акција против аерозагадувањето во Скопје

Идеата за оваа акција беше да и се покаже на јавноста како изгледа аерозагадувањето во Скопје и колку тоа е опасно. Инфограмите беа изработени во големи врамени кутии (2,5 м х 1,2 м), во едната кутија ставивме 5 топчиња кои ја претставуваа максималната дозволена количина на ПМ10 честички (50 микрограми), во другата кутија веднаш до првата, ставаме 50 топки кои го претставуваат вообичаен процент на аерозагадувањето во Скопје. Вреди да се напомене дека по оваа акција Град Скопје (притиснати од јавноста) најавиja бесплатен јавен превоз за сите како итна мерка за намалување на аерозагадувањето.

mk_MKМакедонски јазик