Skip to content Skip to footer

Акција за подобрување на условите на детски игралишта во Скопје

Идеата зад оваа акција и интервенција на 4 јавни детски игралишта беше да се сврти вниманието на граѓаните и на медиумите кон ужасните услови на многу детски игралишта во Скопје. Игралиштата се опасна средина за детската игра, полни со оштетени елементи на кои децата лесно можат да се повредат. За оваа акција поставивме шкафчиња за прва помош (бели метални шкафчиња со голем црвен крст на нив, полни со медицински материјали за итни случаи) на четирите нај оштетени и опасни детски игралишта во Скопје. Акцијата беше широко прифатена од јавноста и медиумите и создаде голем импакт и јавен притисок. После акцијата Општините Центар и Општина Чаир објавија дека ќе започнат реконструкција на игралиштата кои беа таргетирани со оваа акција. Охрабрени од оваа акција, нашите колеги од другите градови одлучија да ја повторат акцијата во нивните заедници/градови.

mk_MKМакедонски јазик