Skip to content Skip to footer

Во соработка со локалното население и активистите од Стар Аеродром, а во врска со нивниот проблем за реконструкцијата на улицата Руди Чаевец која повеќе од една година се реконструира од страна на општина Аеродром, изработивме неколку информативни табли по урнекот на гинисовата книга на рекорди. На општина Аеродром и доделивме признание за најдоло одолковлекување на реконструкција на улица. Таблите беа дизајнирани исто како и признаниците на Гинис и беа наместени на неколку места на ул. Руди Чајавец. Локалното население, а и сите останати во Скопје одлично ја прифатија акцијата и таа за само неколку часа стана вистински хит на социјалните мрежи и медиуми. Само неколку дена по изведбата на акцијата прекинатите градежни работи беа продолжени и интензивирани, улицата е пуштена во употреба на радост на локалното население.

mk_MKМакедонски јазик