Оваа акција е направена по барање на локалните жители кои живеат во близина на училиштето „Тошо Арсов“ во населба 8ми Ноември, и жителите од околните населби чии деца одат на училиште во истото училиште. Акцијата е направена поради неасфалтираниот пат со дупки кои се полнат со вода и личат на мали езерца кога ќе заврне. За поголема видливост на проблемот активистите на Штип Арт Активизам спроведоа акција во дупките полни со вода кои личеа на мали езерца во кои поставија гумени шатчиња.